Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
