Почина Иван Тасовац
На 55-годишна возраст во својот дом во Белград почина Иван Тасовац (55), директор на Белградската филхармонија.
Како што пренесуваат порталите, починал кратко по тоа што му се слошило. Екипата на брзата помош се обидела да го реанимира, но безуспешно.
Тасовац дипломирал пијано на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, во класата на професорот Сергеј Доренски. Тој беше директор на Белградската филхармонија од 23 март 2001-2013 година. На почетокот на 2014 година, во конкуренција за нов директор, тој беше едногласно избран за најдобар кандидат за оваа позиција.
На возраст од дванаесет години, Тасовац дебитира со оркестарите на Белградската и Загребската филхармонија. Настапувал како солист со оркестри во Италија, Швајцарија, Шпанија, Ирска, САД, Русија, Белгија. Член е на жирито на меѓународни натпревари, водеше мастер курсеви по пијано во Италија, Русија и поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
