Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“

Канадско-американската актерка и сценаристка Кетрин О’Хара почина на 71-годишна возраст. Таа почина во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување. Причината за смртта сè уште не е откриена.
Веста предизвика силни реакции во филмската и телевизиската индустрија каде О’Хара важеше за една од највлијателните и најомилените комичарки на својата генерација.
Кетрин О’Хара ја започна кариерата во импровизациската и комична сцена, но светската публика ја запозна преку филмските и телевизиските улоги што подоцна станаа култни.
Најшироко е препознатлива по улогата на мајката во филмот Сам дома, како и по улогата на Моја Роуз во серијата Schitt’s Creek, за која доби бројни признанија и награди.
Во 2023 година, Меколи Калкин ја покани О’Хара како почесен гостин на церемонијата по повод откривањето на неговата ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.
Нејзините најнови улоги беа во сериите „Последниот од нас“ и „Студиото“.
Ново на Сител
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
