Македонија
26. October 2015 - 16:50

Почина трудница на гинекологија, имала обилно крварење, мртов плод и сериозна инфекција

Трудница синоќа починала на Клиниката за гинекологија. 38- годишна жена од околината на Скопје била во 6-от месец од бременоста. Имала тешка инфекција, а плодот бил мртов, потврдија од ГАК.

-Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози  и анестезиолози од ЈЗУ У ГАК ,и анестезиолози од Карил , како и на раководниот тим на Клиниката кој беше повикан и присутен на клиниката, стои во соопштението од Клиниката за Гинекологија.

Ова и била шестта високо ризична бременост на починатата. Според неофицијални информации неколку деца успеале да преживеат, но вчера и покрај напорите лекарите не успеале да ја спасат жената која на гинекологија била донесена во многу тешка состојба

-И покрај сите заложби на персоналот за жал дојде до смртен исход. Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената  заштита итно се состанаа со цел да се направи увид  во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури, тврдат  од Клиниката за гинекологија.

Телото на починатата е предадено на обдукција која треба да ја открие точната причина за смррта на трудницата од скопско.