-->
-->
Почина Васил Рингов
-->

На 70-годишна возраст, по кратко боледување, почина Васил Рингов, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и еден од најзначајните фудбалери во историјата на македонскиот фудбал.
Рингов фудбалската кариера ја започна во Беласица, по што настапуваше за Партизан, Тетекс и Вардар. Најдлабока трага остави токму во дресот на вардарци, каде што ја имаше најуспешната фаза од својата кариера.
За „црвено-црните“ одигра над 200 првенствени натпревари и постигна 93 погодоци, со што се вбројува меѓу најистакнатите имиња на клубот во текот на 1980-тите години.
Со својата игра, професионализам и посветеност, Васил Рингов остави силен белег во македонскиот и поранешниот југословенски фудбал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
