Почна расчистувањето на изгорениот Глобал
Почна расчистувањето на Глобал. Градежната механизација влезе во објектот и започна со отстранување на сметот од опожарените делови. За подигање на остатоците од големиот пожар ангажирани се 70 вработени од ЈПКД Комуналец, но и механизација од приватни компании. Акцијата на чистење се очекува да заврши најдоцна до среда по што веднаш ке започнат активностите за санирање и обнова на опожарените делови.
„Тука се вклучени доста градежни машини, камиони и доста работна сила. Се очекува во текон вторник или среда да биде расчистен целиот опожарен простор на комплексот Глобал. Воедно ги повикуваме и другите компании кои што сакаат и имаат можност да дојдат и да помогнат во расчистувањето на остатоците од пожарот“, вели Бранко Ѓоргиев - ЈПКД Комуналец Струмица.
Увидот на кој работеа обвинител од струмичкото јавно обвинителство, инспектори за пожар од дирекцијата за заштита и спасување и екипи на крим техника заврши вчера, но истрагата продолжува.
Нови информации за можните причини поради кои избувнал пожарот нема. Последното што го соопштија од обвинителството е дека работат интензивно и се води опсежна предистрага.
Пожарот во трговскиот центар Глобал избувна во сабота вечер неколку минути после 23 часот. Со огнената стихија беше опожарена една третина од градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето, но и на првиот и вториот кат, а урнат е и еден дел од покривот на објектот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
