Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание

Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу.
Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број меѓународни кризи…
Официјално пријавени кандидати се генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, поранешниот претседател на Сенегал, Маки Сал, дипломатката од Костарика, Ребека Гринспан, постојаната претставничка на Гвајана во ОН, Каролин Родригес-Биркет, поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет и поранешната претседателка на Генералното собрание на ОН, Марија Фернанда Еспиноса од Еквадор.
Дипломатите и набљудувачите во ОН засега немаат издвоено јасен фаворит, а во трката би можеле да се вклучат и други кандидати.
МИА
Ново на Сител
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
