Македонија
2. April 2026 - 18:31

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 4 април (сабота) ќе почне примената на нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во главниот град.

-Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз, соопшти претпријатието.

Информации за изменетиот возен ред, вклучително и за статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, кој ќе се применува од задутре  ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ЈСП „Скопје“: https://skopjebus.mk/mk .

 

МИА