Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк.
Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички.
Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари.
Титулата освоена пред четири години во Катар ја брани аргентинската репрезентација, додека дебитантите на планетарниот фудбалски собир се селекциите на Курасао, Зелено’ртските Острови, Узбекистан и Јордан.
Бразил е рекордер со пет титули, Германија и Италија имаат по четири, Аргентина има три, Франција и Уругвај беа најдобри двапати, а листата на победници ја комплетираа Англија и Шпанија со по еден пехар.
Репрезентациите се поделени во 12 групи:
А-група: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја и Чешка
Б-група: Канада, Бих, Катар, Швајцарија
Ц-група: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска
Д-група: САД, Парагвај, Австралија, Турција
Е-група: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор
Ф-група: Холандија, Јапонија, Шведска, Тунис
Г-група: Белгија, Египет, Иран, Нов Зелнад
Х-група: Шпанија, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај
И-група: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка
Ј-група: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
К-група: Португалија, Конго, Узбекистан, Колумбија
Л-група: Англија, Хрватска, Гана, Панама.
Групната фаза ќе ја поминат двете првопласирани од секоја група и осум третопласирани.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
