Македонија
1. October 2026 - 8:52

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје

ЈП „Градски паркинг“ информира дека од денес стапува во сила зимскиот режим на работа на зонското паркирање на јавните површини со кои управува претпријатието.

Во зоните А, Б и Ц, паркирањето ќе се наплаќа од понеделник до петок во периодот од 07:00 до 21:00 часот, додека во сабота работното време ќе биде од 07:00 до 14:00 часот.

За зоната Д нема промени во работното време. Наплатата таму продолжува да важи од понеделник до сабота, од 07:00 до 23:00 часот.

Од „Градски паркинг“ ги повикуваат корисниците да го имаат предвид новото работно време и навремено да ја извршат наплатата за паркирање.