Македонија
3. March 2026 - 10:14

Почуствуван земјотрес во Тетово

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.2.

Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од IIIстепени според Европската макросеизмичка скала.