Македонија
22. November 2018 - 16:29

Под закана со секира украдени 25 илјади евра од туристичка агенција во Струмица

Филмски грабеж во туристичка агенција во Струмица.  Со секира  и закани по животот  на вработената во агенцијата непознато лице одзело над 25 000 евра.  

Разбојниот неговиот идентитет го сокрил со маска што ја носел преку лицето.  Необичниот грабеж се случил вчера во доцните попладневни часови  на улицата Димитар Влахов во непосредна близина на строгиот центар на градот каде се наоѓаат и просториите на агенцијата. Откако ги добил парите заминал.

Грабежот во полиција бил пријавен околу 18 часот и 20 минути.

,,Во периодот од 18,15 до 18,20 часот било пријавено дека во туристичката агенција „Атлантис“ во Струмица било извршено кривично дело „Разбојништво“.  Непознато лице влегло во агенцијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец.,, вели Тони Божиков - СВР - Струмица. 

Од СВР Струмица информираат дека преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.