Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“

Личните податоци на најмалку 17,5 милиони корисници на Инстаграм наводно протекоа и се споделени на „дарк веб“ (dark web), што предизвика сериозна загриженост за приватноста и безбедноста на платформата, јави Анадолија.
Компанијата за кибер безбедност „Malwarebytes“ соопшти дека базата на податоци вклучува кориснички имиња, целосни имиња, е-адреси, телефонски броеви и други контакт информации. Иако лозинките не се дел од протечените податоци, експертите предупредуваат дека овие информации можат да се искористат за кражба на идентитет или финансиски измами.
Упадот во податоците се поврзува со ранливост во API-системот на Инстаграм откриен во 2024 година. Хакерот под прекар „Solonnik“ ги објавил записите на форумот „BreachForums“, нудејќи ги податоците бесплатно.
Компанијата „Мета“, која е сопственик на Инстаграм, сè уште нема издадено официјално соопштение со кое би го потврдила упадот. Аналитичарите советуваат корисниците да бидат претпазливи, особено по извештаите за голем број сомнителни е-пораки за ресетирање на лозинките во неколку региони низ светот.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
