Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“

Личните податоци на најмалку 17,5 милиони корисници на Инстаграм наводно протекоа и се споделени на „дарк веб“ (dark web), што предизвика сериозна загриженост за приватноста и безбедноста на платформата, јави Анадолија.
Компанијата за кибер безбедност „Malwarebytes“ соопшти дека базата на податоци вклучува кориснички имиња, целосни имиња, е-адреси, телефонски броеви и други контакт информации. Иако лозинките не се дел од протечените податоци, експертите предупредуваат дека овие информации можат да се искористат за кражба на идентитет или финансиски измами.
Упадот во податоците се поврзува со ранливост во API-системот на Инстаграм откриен во 2024 година. Хакерот под прекар „Solonnik“ ги објавил записите на форумот „BreachForums“, нудејќи ги податоците бесплатно.
Компанијата „Мета“, која е сопственик на Инстаграм, сè уште нема издадено официјално соопштение со кое би го потврдила упадот. Аналитичарите советуваат корисниците да бидат претпазливи, особено по извештаите за голем број сомнителни е-пораки за ресетирање на лозинките во неколку региони низ светот.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
-

Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
