Подготвеност за пожари на отворено
6 пожари само во изминатото деноноќие биле активни на различни локации со претежно ниско стеблеста шума. Горела ниска вегетација во Ѓорче Петров, Илинден, Прилеп, Гевгелија и Кавадарци. Пожарите земаат замаат замав а авионите на ДЗС се вон функција. Два се испратени на сервис и се уште не се вратени. Директорот на ЦУК вели засега успешно менаџираат со хеликоптерите на полицијата но смета дека високите температури ќе предизвикаат проблеми со кои потешко ќе се справуваат.
Во прашање е доведено авио одделението на ДЗС бидејќи двајца пилоти заминаа во пензија. Во дирекцијата има само уште еден пилот обучен за ертракторите. Се бара одобрение од министерството за финасии за да можат повторно да ги ангажираат пензионираните пилоти.
Директорот на ДЗС смета дека треба да се направи порамнување на платите на пилотите бидејќи тие се платени два до три пати помалку од пилотите на АРМ и МВР.
Во сезона на пожари, во пракса пилотите на ДЗС имаат и до 150 прелети.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар