Подготвителните материјали ќе си ги принтаат децата ако сакаат, МОН нема да обезбеди ни преоден учебник
МОН доцни со учебници, а не планира ниту да ги достави во печатена форма помошните материјали. Од први септември, во школите сами ќе принтаат скрипти, бидејќи учебниците за 3то и 6то не се знае кога ќе ги добијат. Според МОН, овие учебници се уште се на одобрување во националната комисијата.
Во меѓувреме на расолагање ќе бидат помошни материјали за ученици и прирачници за наставници кои ќе ја збогатат наставата. Ќе бидат достапни само во електронска форма на веб страната на бирото. Секако, постои можност секое училиште на своја иницијатива, индивидуално да одлучи да ги испечати.
Опозицијата обвинува за нов скандал во МОН. Освен што излажале за учебниците, на една недела до стартот на школска година носат решенија зад кои не стои потпис, а со нив се даваат насоки како да се реализираат наставните часови со новата концепција. Обвинуваат дека се работи за комплетна импровизација со интегрираните предмети и бараат итно да се суспендира новата концепција.
За проблемите со кои ќе почне и новата учебна година реагираат и од Алтернатива.
Се поизвесно е дека министерот Шаќири и МОН ќе заработат прекршочни пријави за системска дискриминација која ја утврдија од комисијата за заштита од дискриминација. Тече рокот до 31 август кој им беше даден, за да обезбедат учебници по сите наставни јазици и за сите предмети.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
