Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
Судењето за деветмината полицајци поврзани со дискотеката Пулс започна со подготвително рочиште. На обвинителна клупа овој пат дојдоа сите обвинети заедно со нивните адвокати, се доставуваа дополнителни докази, но се чекаат и одговори од институции кои ги барале.
Според Обвинителството, деветмината полициски службеници ја злоупотребиле службената положба, не направиле целосна проверка, ниту за соодветен број на паркинг места ниту за обезбедување на јавен ред и мир и и овозможиле на Пулс да се стекне со лиценца иако не ги исполнувала условите.
Според одбраната, на обвинетите не може да им се става на товар причинско-последична врска со настанот и ќе докажуваат дека се невини. Како клучен доказ кој ќе го изведуваат е сопирањето на истрагата за деветемина полицајци за кривичното дело тешки дела против општата сигурност.
Покрај овој судски предмет кој е во почетната фаза, за полициски службеници кои се обвинети за поврзаност со пожарот во дискотеката Пулс се водат уште два одвоени судски предмети.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
