Македонија
23. December 2025 - 16:27

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре

Поднесените измени на Кривичниот законик кои влегоа во собраниска процедура најверојатно ќе ја одложат утрешната расправа пред уставниот суд. Откако собранискиот спикер и формално одговорил на рокот кој му го постави судот за шест месеци да се направат измени на спорните одредби, претседателот на Уставен Костадиновски очекува утре на седницата да нема дискусија, а уставните судии да ги чекаат конечните законски решенија.

Процесот вели не е окончан.

Според професорот Прешова ако овие измени кои влегоа во процедура не се дел од најавениот нов кривичен законик ќе создадат дополнителни проблеми. Потребно е конкретно и јасно решение.

Делгацијата на ЕУ упати критика за измените донесени во 2023-та. Но вели дека пораката од Брисел е јасна државата да усвои законик усогласен со европските стандарди.

Во 2023-та тогашното мнозинство со европско знаменце и скратена постапка го смени Кривичниот законик овозможи намалување на казните за злоупотреби направени од функциoнери.

Според мнозинството кое ги предлага измените, ова е преодно решение до завршување на новиот кривичен законик, со цел да спречат амнестија на 200 активни предмети, но и за да ја обезбедат правната држава. Предвидени се повисоки казни затвор за залоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата, но и повторно враќање на злоупотребата во јавните набавки како потешко кривично дело.