Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
- Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година