-->
-->
Подољак: Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“
-->
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“.
Тој ги обвини руските војници дека сè минираат, од станови до канализација и планираат да го гранатира јужниот украински град преку реката Дњепар.
– Вака изгледа „рускиот свет“: Дојдоа, ограбија, славеа, убиваа „сведоци“, оставија урнатини и си заминаа“, напиша Подољак на Твитер.
Изјавата на Подољак уследи еден ден откако Москва им нареди на своите трупи да се повлечат од Херсон и да заземат одбранбени позиции на спротивниот брег на Дњепар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
