Loading Video...
Свет
2. February 2026 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Најмалку 16 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случија во близина на Анталија, кога се преврте патнички автобус, и во провинцијата Бурдур, каде што директно се судрија два автомобила. Патнички автобус излета од патот и се преврте откако возачот не успеал да ја совлада кривината, загинаа најмалку девет лица соопштија локалните власти. Повредените се пренесени во околните болници, меѓу кои е и Градската болница во Анталија. Во моментот на несреќата временските услови биле лоши, со дожд и магла, но нагласи дека станува збор за делница на која не е дозволена голема брзина.

Во друга тешка сообраќајна несреќа, на патот Анталија-Испарта, седум лица загинаа, а пет се повредени во директен судар на два автомобила. 

Во нападот на руски дронови што беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина. Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.

Локалните власти потврдија дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им изрази сочувство на семејствата на загинатите по нападот со руски дрон врз автобус што превезуваше рудари. Тој рече дека новата рунда ќе се одржи на 4 и 5 февруари и дека Украина - која исто така се бори да го спречи рускиот напредок на бојното поле - е подготвена за „суштински“ разговори.

Кремљ пред два дена соопшти дека се согласил да ги прекине нападите врз енергетската инфраструктура до недела на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, а Киев рече дека ќе возврати.

Десетици илјади демонстранти во Чешка излегоа на улиците за да му дадат поддршка на либералниот претседател Петр Павел, во услови на засилени тензии меѓу него и новата десничарска влада предводена од милијардерот Андреј Бабиш, пренесе ДПА.

Поддржувачите на Павел исполнија два големи плоштади во центарот на Прага. Иницијаторите на митингот под слоганот „Милион моменти за демократија“ изјавија дека во чешкиот главен град се собрале меѓу 80.000 и 90.000 луѓе.

Павел и Бабиш влегоа во остар спор околу министрите во новата влада. Претседателот одби да го именува почесниот претседател на партијата „Мотористи за себе“, Филип Турек, за министер за животна средина. Четириесетгодишниот Турек претходно објавувал расистички и сексистички коментари на социјалните мрежи, појаснува ДПА. Освен тоа, Павел јавно го обвини министерот за надворешни работи и сопартиец на Турек, Петр Мацинка, за обид за уцена во врска со овој случај.

Ниските температури и сончевите зраци привлекоа стотици граѓани на Полска да се осмелат да прошетаат покрај брегот, но и на замрзнатите делови од морето откако екстремен студ ја погоди оваа земја. Морето во Гдањскиот Залив во јужниот Балтик почна да замрзнува во последните денови, а температура беше многу под нулата достигнувајќи -22 степена во некои делови на Полска. Сепак тоа не беше пречка кои од посетителите и да уживаат во прекрасниот зимски амбиент.