-->
-->
Поевтинуваат бензините, дизелот и мазутот
-->

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот за 0,848 денари, а цената на екстра лесното масло за домаќинство не се менува.
Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 72 денара, дизел горивото 64,50 , а мазутот 32,801 денар за килограм.
Цената на екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) останува 64 денари за литар.
Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94 отсто во однос на одлуката од 29.12.2025 година.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
