Бизнис
28. March 2026 - 16:41

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата

Пад на цената на бензинот, минимален раст или иста цена на дизелот од вторник. Владата направила своија пресметка, но сепак последниот збор ќе го има Регулаторната која е независно тело

-Врз основа на нашите пресметки од минатата недела очекуваме во понеделник, ќе повторам, врз основа на нашите пресметки, очекуваме во понеделник да имаме околу два денари намалување на цената за бензините со 95 и 98 октани, имајќи го предвид просекот од оваа недела, од понеделник до петок, и иста цена, или можеби половина денар зголемување на дизелот, или иста цена, рече премиеро Христијан Мицкоски. 

Тргнувањето на италијанската берза во текот на идната недела ќе биде клучна за тоа дали Владата ќе ја продолжи кризната состојба и со тоа ДДВ-то ќе остане на ниво на 10% и дали воопшто ќе носи нови мерки.

-Неделата ја завршивме со екстремно висока цена и на БРЕНТ-от и на останатите продукти. Ќе ја следима сега оваа недела од понеделник до петок како ќе биде, па ќе видиме дали има потреба од кога ќе завршат овие две недели да се продолжи мерката со намалено ДДВ на уште две недели, дали можеби ќе воведеме нова мерка со акцизата, така што, да почекаме да видиме како ќе се движат вредностите, рече Мицкоски.

Мерките на Владата се недоволни и задоцнети, смета лидерот на опозициската СДСМ.

-Што објаснува премиерот кога кажува дека ќе има само мало зголемување на цената на дизелот? Мерките се да има намалување или да има зголемување? Ние сме очигледно единствена земја во регионот и веројатно во Европа што воведува мерки, а цените на горивата растат. Таква земја едноставно нема. Гледаме дека слична цена на горивата има во Хрватска и во Словенија, кадешто минималната плата е 1000, односно 500 евра, Филипче.

Според Филипче, потребни се мерки граѓаните навистина ќе ги почувствуваат.

-За какви мерки зборува премиерот? Треба граѓаните да видат нешто што навистина ќе почувствуваат во смисла бенефит, намалување или ако ништо друго ограничување на цените. Дека мерките се закаснети, тоа е факт. Започна спиралата на покачување на цената на храната. Сѐ е поскапено, сите основни прехранбени продукти се поскапени. Од млечни производи, јајца, зејтин, месо, овошје, зеленчук. Сѐ е поскапено.  

Експертите предвидуваат дека во зависност од коа колку време ќе трае конфликтот и кризата на Блискиот Исток и Ормутскиот теснец, инфлацијата за 2026 во Македонија би можела да биде помеѓу 3,5 и 8,2%.