Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени

Малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат во просек за 1,85 %. Дизелот се намалува за 3,00 денари за литар и ќе се продава за 97,00 денари/литар, а бензините се намалуваат за 1,50 денар за литар, така што „евросупер БС-95“ ќе се продава за 98,50 денари, а „БС-98“ за 100,50 денари/литар.
Екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 3 денари за литар и ќе се продава за 108,50 денари/литар, а малопродажната цена на „мазутот“ се намалува за 0,285 ден./кг и сега ќе изнесува 49,597 ден./кг.
Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја обрзаложува со тоа дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, и тоа во просек: кај бензините за 2,885 %, кај дизелот за 4,770 %, кај екстра-лесното масло за 4,384 % и кај „мазутот“ намалувањето е за 1,807 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101 %.
Во одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват „евродизел (Д-Е V)“ во износ од 10 % и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден./л кај бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и кај „евродизелот (Д-Е V)“.
Од вечер на полноќ, односно од 6.10.2026 година од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-моторен бензин „евросупер БС-95“ - 98,50 (денари/литар);
-моторен бензин „евросупер БС-98“ - 100,50 (денари/литар);
-дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ - 97,00 (денари/литар);
-масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) - 108,50 (денари/литар);
-„мазут М-1 НС“ - 49,597 (денари/килограм).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
