Поголем К-15 за работниците годинава – минималниот износ достигна 19.415 денари, рокот истекува на 31 декември
Работниците кои сè уште не го добиле регресот за годишен одмор, познат како К-15, треба да го добијат најдоцна до 31 декември. Според последните достапни податоци, минималниот износ во приватниот сектор изнесува 19.415 денари, додека во јавниот сектор регресот за 2026 година изнесува 13.680 денари.
Во текот на годината минималниот износ на К-15 во приватниот сектор бележеше промени, во зависност од движењето на просечната нето-плата. Според информативните пресметки, на почетокот на годината изнесувал околу 18.300 денари, а во летните месеци достигнал речиси 19.600 денари.
Во последните месеци е забележано благо намалување, па според последните достапни податоци минималниот износ изнесува 19.415 денари. Точната висина на регресот зависи од основицата што важи на денот кога работодавецот ја носи одлуката за исплата.
Право на К-15 имаат работниците кои во текот на календарската година биле најмалку шест месеци непрекинато вработени кај ист работодавец.
И покрај обврската за исплата, дел од работниците секоја година остануваат без регрес. Според податоците на Државниот инспекторат за труд, во текот на 2025 година биле поднесени 436 претставки за неисплатен К-15.
За работодавците што нема да ја исполнат обврската се предвидени казни од 2.000 до 3.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.
Работниците кои нема да го добијат регресот можат да побараат заштита преку синдикатите, Државниот инспекторат за труд или преку судска постапка.
Ново на Сител
-

Закани за скопски кошаркар: Порака го чекала на автомобилот во подземна гаража
-

Бугарија доби повик за помош од товарен брод што тоне во Црното Море
-

Кражба во Визбегово, украдени злато, пари и возило на МЕПСО
-

Скопјанец на Бит Пазар физички нападнал сосед и неговата малолетна внука, им се заканувал со остри предмети
-

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово
-

Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
-

20-годишна добитничка на лотарија одби еднократна исплата од 1 милион долари – избра да добива по 1.000 долари неделно до крајот на животот
-

19-годишник од Македонија уапсен во Србија, пукал и се обидел да го убиел Алибег – поранешен водач на „Гробари“
