Македонија
28. April 2020 - 21:58

Погрешна е одлуката дел од средствата за санација на колекторскиот систем да бидат пренаменети за коронавирусот

Погрешна е одлуката една четвртина од средствата за санација на колекторскиот систем да бидат пренаменети за справување со коронавирусот реагираат  од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Според нив токму санацијата е едно од клучните прашања за заштитата  на јавното здравје и една од најважните препораки на УНЕСКО за зачувување на статусот на светско природно наследство кој го поседува овој регион.

Велковска вели дека поради човечка негрижа  се доведуваат до опасност цели населени места .

Претседателот  на комисијата задолжена за Унеско Едмонд Адеми на став дека во ниту еден сегмент  не се загрозува процесот на работење и санирање на колекторскиот систем затоа што претпријатието имало дополнителни средства во целост да се доврши проектот.

Работите ќе течат непречено се до завршување на проектот. Средствата што се земени сега со првиот нов ребаланс ќе бидат вратени на колекторскиот систем затоа што тоа е приоритетен проект и Владата ќе настојува и во иднина токму за тој проект да се одвојуваат средства.Согласно со досегашната динамика проектот за целосна ревитализација на колекторот ќе финишира до крајот на мај потенцира Адеми.

Инаку во декември минатата година започнаа работните активности за санација и реконструкција на Колекторскиот систем кој  со години беше во очајна состојба и  главен загадувач на Охридското езеро.