Македонија
24. July 2025 - 16:38

Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер

Линерано покачување на пензиите, ваучери за ит опрема на студентите и финансиска поддршка на инвестициите се трите владини мерки што денеска ќе го поминат и собранискиот филтер.

Владејачкото мнозинство вели дека ова е реализација на изборните ветувања за повисок стандард на граѓаните.

- „Ќе го изгласаме законот за дури 55.000 студенти да добијат 250 евра, неповратни средства, кои што ќе може да ги искористат за купување на таблет или лаптоп. Реформа која покрај тоа што ќе влијае врз по квалитетен и современ образовен процес, ќе придонесе кон зголемена еднаквост помеѓу студентите, како и кон поголема дигитализацијата на образовниот процес.

Опозциската СДСМ пак, обвинува дека линеарното покачување на пензиите е измама од која највозрасната популација ќе биде оштетена бидејки не се примеува законската методологија на пораст на пензиите според порастот на инфлацијата.

- „ Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон. Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото. Дополнително, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица

Мнозинството ги донесе и законските измени за ваучери за студентите. За СДСМ иако сметаа дека тое е добра мерка, таа не доволна за подобрување на нивниот стандард.

Во Собранието ќе го изгласаме и законот за линеарно зголемување на пензиите. Пензионерите да добијат дополнителни 2.000 денари на своите сметки. Чекор кон ветеното зголемување од 7.000 денари, односно дополнителни 14.000 денари за пензионерите во заедница. Конкретна поддршка за над 345.000 граѓани. Мерка која исто така ќе зададе силен удар врз нееднаквоста, но и ќе врати со зголемена финансиска стабилност за оние кои ја создаваа Македонија

Ова е претпоследна седница пред пратениците да заминат на летен одмор по 4 август. Наредниот четврток за акжана седница за пратенички прашања.