Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со „фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум возила.
Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник, првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка, регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека не постапувале по задачи од наредбата.
Од дополнително преземените мерки и извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Ново на Сител
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
-

Трамп призна дека претерал со депортациите и дека тоа му наштетило на изборите
