Полицијата во Белгија со помош на „ГТА 6“ ги предупредува младите: Играта не е вистински живот

Со кадри од популарната видеоигра Grand Theft Auto VI (GTA 6) генерирани со вештачка интелигенција, полицијата на белгискиот град Завентем ги предупреди граѓаните дека уличните трки, опасното возење и полициските потера можат да бидат забава на екранот, но во реалниот живот претставуваат кршење на законот и загрозување на безбедноста.
Преку пораки објавени на социјалните мрежи, полицијата го искористи големиот интерес за новата игра за, на духовит и впечатлив начин, особено на младите да им го сврти вниманието кон разликата меѓу виртуелниот свет и реалноста.
„Завентем не е Лос Сантос“, порача полицијата, алудирајќи на измислениот град во кој се одвива дејството на играта, пренесува Фламанската радио-телевизија (ВРТ).
Во една од објавите се предупредува дека уличните трки на јавните патишта не се мисија од видеоигра, туку сообраќаен прекршок, додека полициските потери не можат да се сметаат за бонус-ниво, туку за многу лоша идеја во вистинскиот живот. Полицијата укажа и на опасноста од насилство, порачувајќи дека виртуелното оружје е прифатливо на екранот, но не и во реалниот живот.
Таа се осврна и на системот на потерници во играта, во кој играчите добиваат ѕвездички во зависност од степенот на полициската потера.
„Пет ѕвездички на потерница? Забавно во играта ГТА, многу помалку забавно во вистинскиот живот“, се наведува во една од пораките.
Белгиската полиција порача дека секој може да ужива во играта ГТА 6, но оти по одложувањето на џојстикот повторно важат вистинските закони и сообраќајните прописи.
Најновата видеоигра од популарниот серијал Grand Theft Auto (GTA 6) денеска почна да се објавува ширум светот, со што заврши 13-годишното чекање на љубителите на оваа франшиза за ново продолжение.
Првите рецензии ја оценија играта со просечна оценка 99 на страницата Metacritic, врз основа на 100 критичарски осврти, со што GTA 6 во моментов се изедначи со играта The Legend of Zelda: Ocarina of Time од 1998 година.
Повеќе од 2,4 милиони луѓе во еден момент ги следеа преносите во живо од играњето на GTA 6 на платформата Twitch, што го покажува огромниот интерес на публиката за новото продолжение.
Претходното продолжение, GTA 5, е продадено во околу 235 милиони примероци и е еден од најпродаваните наслови во историјата на видеоигрите. Компанијата Rockstar Games од неговата продажба оствари милијарда долари приход во првите три дена по објавувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Крај за чекањето на патарини? Македонија подготвува автопати без рампи, ќе се плаќа по изминат километар
-

Евростат: Речиси секој десетти студент во Македонија е од странство
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања
-

Осум месеци затвор за Игор Дашковски за палењето на автомобилите на бугарската амбасада
-

Итната помош од Прилеп доби 3 нови возила, но недостасуваат уште 4 доктори, 8 медицински сестри и 6 шофери
-

Преглед на вестите од светот
-

Градоначалникот на Скопје даде отчет за сработеното за првата година од мандатот
