Половина од возачите не носат појас
Ризикот од фатални последици во сообраќајни несреќи е помал за 50% доколку се користи сигурносен појас, покажуваат истражувањата. Но и покрај неговото значење голем дел не го користат истиот. Статистиката покажува дека дури 50% од возачите кога седнуваат зад воланот не користат појас. Уште позагрижувачки е податокот што овој процент е многу помал кога станува збор за патниците во возилата.
„Изминатата година 125 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а околу 5500 лица беа повредени во сообраќајни незгоди. Ваквата состојба би била далеку по поволна доколку нивото на употреба на појас како од страна на возачите, така и од страна на патниците беше повиско“, вели Ристо Манчев - РСБСП.
Прекршоци поврзани со не користењето појас се регистрираат секојдневно и насекаде, но истражувањата покажале дека овој проблем особено е изразен во малите населени места каде сигурносниот појас многу ретко се користи.
„Во помалите населени места, особено во рамките на самото населено место многу помалку се користи сигурносен појас. Меѓутоа ефектите од употребата на сигурносен појас се посилно изразени при брзини кои што се достигнуваат во населено место“, вели Манчев.
Со цел подигање на свеста за користењето на сигурносниот појас Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна кампања насловена Стави појас. Во соработка со МВР тие ги потсетуваат возачите за неговото значење, но и законската обврска за користење на итиот. Во спротивно следуваат казни од 40 за возачите и 50 евра во денарска против вредност за патниците.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
