Положи заклетва 26-тата група на волонтери на Мировен корпус
35 американски волонтери на Мировен корпус денеска положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе 800 американски граѓани кои служеле во Македонија. Во подготвителната обука во времетраење од три месеци, дваесет и шестата група на волонтери учеше македонски и албански јазик, а се запознаваше и со културата на нашата држава.
Во следните две години тие ќе работат во локалните училишта, општините и навладините организации во кои се назначени.
Амбасадорката на САД во земјава за Сител порача дека оваа програма е посебна, бидејќи покрива повеќе сектори. Потенцирше дека волонтерите работат на зајакнување на мирот и меѓународно разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.
„Очекувам дека тие ќе прават неверојатни работи. Ќе запознаат многу пријатели, дека ќе станат дел од семејствата кај кои престојуваат. Она што може да го сторат тие, е мошне различно од тоа што јас го правам како дипломат. Бидејќи ние се занимаваме со политика. Овие индивидуи ќе живеат во заедници и ќе станат дел од нив. Ќе бидат дел од семејствата, ќе бидат дел од училиштата, навистина ќе станат важен дел од градовите и градовите во кои работат. Искуствата кои ќе ги имаат во земјава ќе бидат навистина посебни“, изјави Агелер за Сител ТВ.
Мировниот Корпус е основан од претседателот Џон Кенеди, со цел да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош и да придонесат во промовирање на американскиот народ и култура.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
