Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина

Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина.
Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони.
Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека нападот врз престолнината трае веќе неколку часа, а војската преку Телеграм ги повика жителите да останат во засолништата до повлекување на тревогата.
Според информациите на градоначалникот Виталиј Кличко, погодена е најмалку една станбена зграда, при што загина едно лице.
Кличко додаде дека избувнал пожар на вториот кат од училиште во Шевченковскиот реон, а претходно уште еден удар во близина на друго училиште предизвикал урнатини кои го блокирале влезот во засолништето каде биле сокриени локалните жители.
МИА
Ново на Сител
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
