Попладне локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната темература ќе достигне до 21 степен Целзиусов.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Утре наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет.
МИА
Ново на Сител
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
