Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
Лошата традиција на свадби и веселби да се пука огнено оружје, најчесто пиштоли, но не ретко да се пука и од автоматско оружје, за само нешто повеќе од еден месец оштети пет автомобили, два куршума завршиле на терасите на станбените објекти, а еден во двор на куќа.
-Од почетокот на јули и овие неколку денови од август во Тетовско и Гостиварски пријавени се осум случаи кога заталкани куршуми оштетиле возила или други објекти, при што пет пријави се за оштетувања возила, два куршума паднале на тераси од станбени објекти, а еден куршум завршил во двор од куќа. Само во текот на вчерашниот ден регистрирани се дури три вакви случаи. На улица „Ѓорче Петров“ во Тетово заталкан куршум завршил во хаубата на возило паркирано пред куќа. Жител на селото Пирок пријавил дека од заталкан куршум било оштетено предното ветробранско стакло од неговото возило, а исто така од заталкан куршум оштетено е и ветробранско стакло на возило со странски регистарски таблички кое било паркирано во дворот од куќа. При сите овие инциденти, за среќа нема повредени лица, за разлика од минатата година кога од заталкани куршуми беа повредени две лица, соопштуваат од СВР Тетово.
Во случаите кога се оштетени возила сторителите, ако бидат откриени, ќе се гонат за „Предивикување општа опасност“, додека во останатите случаи против сторителите ќе биде поднесена пријава на за нарушување на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
-
Премиерот Мицкоски на поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија во Скопје
-
ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола
-
Првиот клуб на починатиот фудбалер Жота ќе користи дрес со неговиот лик
-
Тројца убиени во руски напад во регионот Запорожје, вели регионалниот гувернер
-
Без струја дел од општина Карпош
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Гром удри на фудбалски натпревар во Србија, десет играчи паднале на теренот, од кои еден е тешко повреден