Поради очилата на Емануел Макрон падна серверот на веб-страницата на францускиот луксузен бренд

Појавувањето на францускиот претседател Емануел Макрон со пилотски очила за сонце од моделот „Анри Жулијан Пасифик С 01“ („Henry Jullien Pacific S 01“), на Светскиот економски форум во Давос предизвика неочекувано голем интерес во јавноста, поради што веб-страницата на францускиот луксузен бренд привремено беше недостапна, а и понатаму работи со намалена брзина.
Очилата, чија цена изнесува 659 евра, станаа предмет на бројни коментари на социјалните мрежи, пренесуваат медиумите. Од кабинетот на Макрон соопштија дека носењето очила не било модна одлука, туку поради здравствени причини, т.е. пукнат капилар, што предизвикало видливо црвенило. Според медицински извори пукањето на капиларите во окото, познато како субконјуктивално крвавење, најчесто е безопасна појава и обично поминува без терапија. Но доколку ова се случува често, ако е придружено со болка, ослабен вид или ако црвенилото не исчезне во рок од 7- 10 дена, се препорачува посета кај офталмолог и проверка на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.
Ваквото појавување на претседателот Макрон не остана неискоментирано од јавноста, како и од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на своето обраќање во Давос иронично спомна за нив. Наместо да обрнат внимание на пораките од форумот или здравствената состојба на францускиот претседател, вниманието на јавноста беше насочено кон модниот детаљ, кој потсетува на пилотските очила од филмот „Топ Ган“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
