Македонија
9. July 2025 - 18:13

Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово.

Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила.