Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.
- Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави е дека неколку куќи во селото Градец се изгорени, информира командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски, од терен кај пожарите упати апел до сите граѓани што се во можност, до месното население, да помогнат во гаснењето.
-Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани. Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново, мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите. Секоја помош е од непроценливо значење и секој човек значи разлика. Ова е момент за единство, солидарност и хуманост. Да се мобилизираме како заедница за заштита на нашите домови и природа, напиша на својот Фејсбук профил Митовски.
Ново на Сител
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар