Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје

Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје е затворен за секаков вид возила поради пожарот во националниот Парк Јасен, соопшти АМСМ.
Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во гаснење на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).
Според Ангелов, зафатена е мешана шума, а за гаснење се користат сите можни ресурси.
-Врз пожарот во ловиштето „Јасен“ рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“, а на терен се присутни екипи на ЈП „Национални шуми“, на ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), иако во текот на вчерашниот ден воспоставивме делумна контрола врз овој тежок за гаснење пожар, изјави од терен Ангелов.
Стратегијата е, како што рече, пожарот да биде пресретнат и стопиран и во текот на денов да се стави под делумна контрола.
МИА
Ново на Сител
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
