Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор

Поранешниот командант на талибанците Хаџи Наџибулах (50) е осуден во Њујорк на 42 години затвор поради киднапирање на новинарот и добитник на Пулицерова награда, Дејвид Роуд, и неговите придружници, како и поради учество во убиство на тројца американски војници.
Роуд, кој е репортер за национална безбедност во списанието MSNOW и кој претходно работеше за „Њујорк Тајмс“ и други весници, за време на судењето изјави дека е „изненаден и разочаран“ што Наџибулах се обидувал да ги обвини другите и околностите за својата улога во неговото киднапирање, како и во киднапирањето на уште еден новинар и нивниот возач.
Киднапираните мажи поминале повеќе од седум месеци во заробеништво пред да успеат да побегнат од комплексот под контрола на талибанците во племенските подрачја на Пакистан.
Во април 2025 година, Наџибулах се изјасни за виновен за обезбедување материјална поддршка за терористички напади и за завера за земање заложници. Наџибулах призна дека обезбедувал материјална поддршка и оружје за талибанците од 2007 до 2009 година, со сознание дека тоа ќе биде користено за убивање на американски војници во Авганистан, и наведе дека „длабоко жали за својата улога“ во киднапирањето на Роуд.
Роуд по ова изјави дека лагите на Наџибулах го навеле да замине на она што мислел дека ќе биде интервју, но кое всушност се претворило во заседа. Во својата изјава пред судот, Роуд кажа дека киднаперите тврделе дека тој е шпион, иако тој всушност бил новинар кој се обидувал да ја добие гледната точка на талибанскиот командант „за да ги разбере нивните надежи, нивните животи и нивниот поглед на светот“.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
