Поранешниот британски принц Ендру е приведен поради непристојно однесување на јавна функција

Поранешниот принц Ендру, братот на британскиот крал Чарлс, е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, објавија британските медиуми.
Полицијата соопшти дека тој е во притвор и дека се вршат претреси на адреси во Беркшир и во Норфолк. Фотографиите направени утрово покажуваат возила како пристигнуваат на имотот Сандрингам во Норфолк, објави Би-Би-Си.
Апсењето доаѓа откако полицијата соопшти дека истражува жалба во која се тврди дека поранешниот принц споделил доверлив материјал со починатиот осуден сексуален престапник и педофил Џефри Епстин.
Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој денеска полни 66 години, постојано ги негираше сите обвинувања за недолично однесување.
„Како дел од нашата истрага, денеска, 19.2.2026 година, уапсивме маж од Норфолк под сомнение за јавно недолично однесување и вршиме претреси на адреси во Беркшир и во Норфолк. Мажот моментално е во полициски притвор. Не го именуваме уапсениот маж, во согласност со националните упатства. Исто така, би сакале да ве потсетиме дека овој случај моментно е активен и секое објавување треба да се третира со претпазливост, за да се избегне какво било потенцијално непочитување на судот“, соопшти британската полиција.
Заменик-шефот на полицијата Оливер Рајт изјави:
– По темелна проценка, сега почнавме истрага за ова наводно јавно недолично однесување. Важно е да се заштити интегритетот и објективноста на нашата истрага додека работиме со нашите партнери, за да го истражиме наводното кривично дело. Го препознаваме високото ниво на јавен интерес во овој случај и ќе обезбедиме дополнителни информации навремено.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
