Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак неколку пати престојувал во Њујорк во стан во сопственост на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, се гледа од минатонеделната електронска пошта објавена од американското Министерство за правда, објавија денеска израелските медиуми.
Во објавените пораки се гледа дека Ехуд и неговата сопруга, Нили Приел Барак, повеќепати престојувале во станот на Епстин помеѓу 2015 и 2019 година, откако Епстин веќе бил осуден по обвинение за наведување малолетничка во проституција, објави „Тајмс оф Израел“.
Како што е наведено, во интерната кореспонденција, персоналот на Епстин повремено го нарекувал тој простор „станот на Ехуд“.
Е-поштата, исто така, наводно покажала дека Барак бил во чест контакт со Епстин и неговите соработници во врска со посети и безбедносни аранжмани, и дека двојката престојувала во неговиот стан неколку пати подолг временски период.
Во истата зграда имало неколку станови што ги користеле Епстин и други, од кои некои персоналот ги нарекол „станови за девојчиња“, објави весникот „Харец“.
Со години, Епстин сместувал модели во станови во таа зграда, а некои од нив имале само 13 години, напиша претходно „Гардијан“.
Објавените документи, сепак, не укажуваат на никаков контакт меѓу девојките и двојката Барак, соопшти „Тајмс оф Израел“.
Кабинетот на поранешниот премиер потврди дека двојката „од време на време“ престојувала во стан во сопственост на Епстин за време на приватни посети на САД, додавајќи дека Барак жали за својата поврзаност со покојниот американски финансиер.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Отстранети шecт aртилeриски гранати од Првата cвeтскa војнa во Гевгелискo
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
