Пораз на македонската репрезентација од Словенија со 0:3

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Словенија со 0:3 на последниот натпревар од групата Б1 од Лигата на нациите. На тој начин македонскиот национален тим со шест порази на шест натпревар со гол-разлика 1:15. Со освоеното последно четврто место во групата македонската репрезентација во март 2027 година ќе игра бараж дуели за опстанок во овој сегмент од Лигата на нациите.
Словенија поведе во 29. минута со голот на Данијел Штурм.
Почетокот на вториот дел мина со иницијатива и неколку удари на македонските репрезентативци кон голот на Јан Облак, но мрежата не се затресена. Давид Зец зголеми во 66. минута, додека конечните 0:3 ги постави Штурм во судиското надополнување – 90+1. минута.
Во вториот натпревар од групата Швајцарија ја совлада Шкотска со 4:0.
Швајцарија како првопласирана во групата со 16 бодови избори место во А сегментот, Словенија со 11 бодови како второпласирана ќе игра бараж за пласман во А сегментот, Шкотска заврши со 7 бодови, додека македонската репрезентација заврши без бод.
Ново на Сител
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
