Loading Video...
Фудбал
26. October 2022 - 19:51
Пораз на Струга, победи на Силекс, Шкупи и Шкендија за мешаница на врвот
Екипата на Силекс забележа значајна победа од 1-0 против домашниот Работнички со што успешно ја продолжува трката за врвот на табелата.
Гостите од Кратово беа подобар противник и ја искористија шансата во 22 минута кога Обадовиќ го лобуваше Алексовси и го постигна голот што го реши победникот.
По водството Силекс повторно ја имаше иницијативата но промена на резултатот немаше до крајот на средбата.
Изненадување во Прилеп каде домашната победа славеше со 2-0 против лидерот на табелата Струга Трим Лум и тоа со двата гола на Мазари кој во финишот имаше шанса да запише и хет-трик.
Овој пораз на Стружани го искористија Шкендија, Шкупи и Силекс да се доближат на само три . односно четири бода до лидерот на табелата.
ПРВА ЛИГА 12. КОЛО
Работнички – Силекс 0-1
Шкупи – Тиквеш 4-2
Победа – Струга ТЛ 2-0
Скопје – Шкендија 0-1
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->