Пороен дожд и многу електрични празнења вечерва во Скопје
Краткотрајно невреме со пороен дожд и многу електрични празнења го зафати Скопје.
Претходно од УХМР најавија дека вечерва се очекува нестабилна облачна маса од запад се приближува кон Скопската Котлина и градското подрачје.
Утре во утринските часови времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.
Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
