„Порше“ бележи пад на продажбата во светот

Германскиот производител на луксузни автомобили „Порше“ денеска објави пад на продажбата во текот на минатата година на светско ниво. Испораките, во таа смисла, се намалени за три отсто – вкупно околу 310.700 возила, соопшти производителот на спортски автомобили, којшто е дел од групацијата „Фолксваген“.
Додека автопроизводителот забележа раст во четири од своите пет глобални реони – вклучително и матичната Германија, падот на продажбата во Кина е 28 отсто, што компанијата им го припишува на тековните економски предизвици во тоа подрачје.
Детлев фон Платен, член на одборот на „Порше“ одговорен за продажба, рече дека палетата на производи на брендот го правиат донекаде привлечен за купувачите. Но, тој исто така призна дека економските и геополитичките услови оваа година се очекува да претставуваат уште поголеми предизвици.
Ново на Сител
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
