Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација.
Зохиу објасни дека конкретната регулатива е на Европската Унија, а со тоа е и задолжителна за сите земји-членки, посочи дека сепак предизвикува одредени доцнења при пасошката контрола. Таа додаде дека Грција ќе ги искористи сите можности што ѝ стојат на располагање, но без при тоа да ја прекрши самата регулатива.
- Грчките власти, земајќи ја предвид важноста на одржувањето и зајакнувањето на туристичкиот тек кон земјата, ќе ги преземат неопходните мерки, искористувајќи ги можностите што ги нуди европското законодавство, но истовремено целосно почитувајќи ја и европската регулатива, објасни Зохиу.
Како што објави МИА пред две седмици, согласно одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос, европската регулатива дава можност на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
