Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, како што соопштија од МВР, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.
По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско - косовска бригада“ до улицата „8 Септември“, како и улицата „Македонско - косовска бригада“, на потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди “ до крстосница со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
