Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница, информира Министерството за внатрешни работи.
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени сообраќајни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со почеток од 6 часот.
Кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, кружно. Возилата ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, лево по „Александар Урдаревски“, потоа лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата.
За излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и кај гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.
МИА
Ново на Сител
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
-

Облачно со локален дожд
