Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје денеска го организира петтото издание на трката „Водно 10К". Најавено е учество на 500 натпреварувачи, а стартот на трката е во 10:00 часот на долниот паркинг на Средно Водно.
Рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон" и назад, со вкупна должина од 9,6 километри. Делницата ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.
Покрај оваа трка, од речиси 10 километри, предвидена е и штафетна трка.
-Апелираме до сите граѓани да го користат јавниот превоз, а за натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе се обраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на Средно Водно и по завршувањето на настанот во обратен редослед, наведуваат од Атлетскиот клуб „Фортиус“.
Од МВР соопшуваат дека поради орджувањето на трката од 10 часот ќе има посебен режим на сообраќај на трасата на движење од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
