Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.
Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 66 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,854 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,987 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,109 отсто, кај дизелот за 5,194, кај екстра лесното масло за 4,462 и кај мазутот зза 3,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,2303 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
